В понеделник 41. седница на Советот на Општина Аеродром

 В понеделник, 29.6.2020 година, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи четириесет и првата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-заклучок за усвојување Информација од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови за отпочнување постапки за донесување детални урбанистички планови, урбанистички планови за село и локална урбанистичка планска документација.

2.    Предлог-одлука за продолжување на воспоставената меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Општина Карпош за вршење работи од областа на градежната инспекција.

3.    Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта за 2019 година.

4.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање и за смрт на член на потесно семејство на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисници

5.    Советнички прашања

  

24.6.2020

Општина Аеродром