В петок 40. седница на Советот на Општина Аеродром
В петок, 29.5.2020 година, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи четириесеттата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-заклучок за усвојување Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Аеродром за првиот квартал од 2020 година
2. Предлог-план за измена и дополнување на Планот на програми за развој за периодот 2020-2022 година
3. Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Аеродром 2020 година
4. Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ј) Комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година
5. Предлог-програма за измена и дополна на Програма (Ф), потпрограма ФА – Уредување градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година
6. Предлог-програма за измена и дополна за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2020 година
7. Предлог-програма за измена и дополна на Програмата за остварување социјална и детска заштита и заштита и спасување на граѓаните во Општина Аеродром во 2020 година
8. Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање и за смрт на член на потесно семејство на вработени лица во Општина Аеродром/општински буџетски корисници
9. Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка - донација на ООУ „Браќа Миладиновци“ за активности околу одбележување на 75 години јубилеј на училиштето
10. Предлог-одлука за доделување еднократна финансиска помош на семејство на ученик од ООУ „Димитар Македонски“
11. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2020/2021 година на подрачјето на Општина Аеродром
12. Предлог-одлука за именување член на Управен одбор на ЈДГОА Срничка
13. Советнички прашања
27.5.2020
Општина Аеродром