Градинката „Буба Мара“ денеска слави 26 години од своето постоење. И покрај вонредните услови, градинката на најразлични начини е во постојана комуникација со родителите и децата преку ТВ-училница, е-занимална и секојдневни онлајн-активности.
Исто така, „Буба Мара“ денеска го одбележува и Меѓународниот ден на семејството преку најразновидни активности што ги спроведуваат воспитувачите и стручниот тим, докажувајќи дека семејството е многу важно бидејќи претставува место каде што децата треба да се чувствуваат сакани, згрижени, сигурни и заштитени.
Општина Аеродром им ја честита годишнината и им посакува што побрзо да им се вратат детскиот џагор, детските насмевки и прегратки.
15.5.2020
Општина Аеродром
17-03-26
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.