В четврток 39. седница на Советот на Општина Аеродром

 Во четврток, 23.4.2020 година, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи триесет и деветтата седница на Советот на Општината. Седницата ќе се одржи ОНЛАЈН, согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за локална самоуправа за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ број 84/2020 и 95/2020).

На дневен ред на седницата се следниве точки:            

 

1.   Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за  висината на комуналните такси во Општина Аеродром.

2.    Предлог-одлука за ослободување од закупнина на корисници на деловен простор на подрачјето на Општина Аеродром за период на траење на вонредната состојба.

3.    Предлог-одлука за доделување финансиска поддршка - донација за активностите за справување со КОВИД 19 на Црвен крст на РСМ.

4. Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2020 година.

5.    Предлог-програма за измена на Програмата за планирани активности од областа на социјалната заштита и заштита и спасување во Општина Аеродром за 2020 година.

6.   Предлог-програма за измена на Програмата Ф (ФА, Ф1, Ф2, ФД) – Урбанистичко планирање и уредување на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година.

7.  Предлог-одлука за давање на привремено користење на подвижни ствари без надоместок на ПС Аеродром со намена за справување при вонредната состојба.

8.    Предлог-одлука за измена на распоред на средствата на буџетот на Општина Аеродром за 2020 година.

9.    Предлог-програма за активности на Општина Аеродром во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на РСМ на подрачјето на Општина Аеродром за 2020 година.

10. Предлог-одлука за користење средства од постојната резерва од буџетот на Општина Аеродром за 2020 година, со намена за преземање мерки и активности за справување со  здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

11. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Гоце Делчев“ за учебната 2019/2020 година.

12. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Димитар Македонски“ за учебната 2019/2020 година.

13. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Александар Македонски“ за учебната 2019/2020 година.

14. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Лазо Ангеловски“ за учебната 2019/2020 година.

15. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ за учебната 2019/2020 година.

16. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Љубен Лапе“ за учебната 2019/2020 година.

17. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Браќа Миладиновци“ за учебната 2019/2020 година.

18. Предлог-заклучок за усвојување Полугодишен извештај за работата на ООУ „Блаже Конески“ за учебната 2019/2020 година.

19. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на социјалната и детската заштита во Општина Аеродром за 2019 година.

20. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2019 година.

21. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2019 година.

22. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2019 година.

23. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за извршување на одлуките донесени од страна на Советот на Општина Аеродром за период од 20.08.2019 година до 31.12.2019 година.

  

21.4.2020

Општина Аеродром