ПРИЈАВА ЗА РАБОТА
Општина Аеродром објавува Јавен повик за онлајн работа и достава на неопходни прехранбени продукти од економски оператори - маркети што работат на територијата на Општина Аеродром, како резултат на последните мерки на Владата поврзани со пандемијата со коронавирусот и воведениот полициски час.
Во прилог е пријавата, која треба да се пополни и да се испрати најдоцна до петок 10.4.2020 година до 12:00 часот на следнава електронска адреса: odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk.
Се замолуваат економските оператори - маркети заедно со пријавата во прилог да ни испратат и скенирана копија од ДРД-образец.
По приемот, добиените пријави од економските оператори ќе бидат разгледани и проследени до Полициска станица – Аеродром и дo Град Скопје.
9.4.2020
Општина Аеродром
ПРИЈАВА ЗА ОНЛАЈН-РАБОТА
17-01-25
Со пригодни настани на две локации на 19 јануари (недела) во Општина Аеродром ќе се одбележи верскиот празник Водици или Богојавление, денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.