Утре, 31.3.2020 година, истекува рокот за пријавување новороденчиња родени во 2019 година на територијата на Општина Аеродром, кои ќе добијат по 5 000 денари еднократна парична помош.
Барањето за доделување еднократна парична помош може да се симне од општинската веб-страница, во менито формулари, или директно преку линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Инаку, Општина Аеродром во текот на 2019 година додели еднократна парична помош за вкупно 720 новороденчиња, за што од својот буџет издвои 3 600 000 денари.
Проектот на Општина Аеродром за еднократна парична помош на секое семејство со новороденче продолжува и во 2020 година. Надоместокот за оваа година е зголемен од 5 000 на 8 000 денари. Општина Аеродром на сите семејства им го честита новиот член во семејството. „Најмладите и натаму остануваат во фокусот на нашето внимание. Како општина, ќе сториме сѐ за да го подобриме нивниот живот и да ги олесниме трошоците на граѓаните“, изјави градоначалникот Златко Марин. 30.3.2020 Општина Аеродром
08-04-24