ИЗВЕСТУВАЊЕ

 Согласно со Заклучокот донесен на 15-тата седница на Владата на РСМ за преземање мерки и активности од COVID-19 (коронавирус), Општина Аеродром ги информира граѓаните дека од 11.3.2020 г. (среда) приемот на странките се сведува на минимум, односно во наредните 14 дена Општината нема да врши прием на странки, кои, пак, ќе можат за своите потреби да се јават на следниве телефонски броеви на Општина Аеродром:

-       За прашања од надлежност на Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови, контакт-телефон 2401-529

-        За прашања од надлежност на Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови во поглед на постапување со бесправно изградени објекти,  контакт-телефон 2401-551

-       За прашања од надлежност на Одделението за даноци, такси и други сопствени приходи, контакт-телефон 2401-553

- За прашања од надлежност на Одделението за инспекциски работи, контакт-телефон 2401-521, 2401-522 и дежурен телефон 075/316-515.

-       За прашања од надлежност на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина, контакт-телефон 2401-533

-       За прашања поврзани со издавање имотни листови во Општина Аеродром, контакт-телефон 2401-530

-       Како и електронски на и-мејл: odnosi.so.javnost@aerodrom.gov.mk

Општина Аеродром континуирано ќе ги следи препораките дадени од Владата на РСМ и ќе ги преземе сите мерки за превенција во насока на спречување на појава на коронавирусот.

11.3.2020

Општина Аеродром