Учениците од училишниот спортски клуб на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ деновиве насадија 40 садници од видот кипарис во училишниот двор, со цел да создадат поубава и поздрава животна средина.
Училиштето ја организира оваа екоакција во соработка со Халк банка. Во садењето зимзелени садници се вклучија и учениците од екосекцијата, младите екологисти од второ одделение, како и наставници и ученици од програмата Еразмус плус.
Претходно во училишниот двор беа насадени и 10 садници од видот туја.
9.3.2020
Општина Аеродром
12-01-21
Јавниот повик за избор на асистенти за деца со посебни потреби што го распиша Општина Аеродром истекува в петок, 15 јануари.