Општина Аеродром деновиве почна со реконструирање на катната гаража во населбата Ново Лисиче. Реконструкцијата опфаќа бојадисување на челичната конструкција како и промена на оштетените хоризонтални и вертикални олуци.
Исто така, со јавното претпријатие „Градски паркинг“ ја разгледуваме можноста за воведување зонско паркирање во дел на општината, со цел да им излеземе во пресрет на барањата на граѓаните и да го олесниме паркирањето.
„Ги решаваме проблемите на граѓаните и ги подобруваме условите за живеење, бидејќи Аеродром е нашиот заеднички дом“, порача градоначалникот Марин.
13.2.2020 г.
Општина Аеродром
17-03-26
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.