Општина Аеродром и Црвен крст на Кисела Вода организираат крводарителска акција утре, 11.2.2020 година (вторник), од 9:00 до 13:30 часот во просториите на Општината.
Кон акцијата ќе се придружат дел од вработените во Општината, како и градоначалникот Златко Марин, како мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин.
Општината ги поканува сите заинтересирани хумани луѓе и крводарители да се вклучат во акцијата за дарување крв и да помогнат во спасување нечиј живот.
Општина Аеродром
10.2.2020
13-03-26
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43