За секое новороденче во Аеродром по 8 000 денари

 Општина Аеродром од оваа година ќе исплаќа по 8 000 денари за секое новороденче. Субвенцијата досега изнесуваше 5 000 денари.

„Во буџетот за 2020 година предвидовме зголемување на поддршката за нороворенчињата, со цел да ги олесниме трошоците на граѓаните и на тој начин да создадеме подобра иднина за сите“, изјави градоначалникот Златко Марин.

Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2020 година на подрачјето на Општина Аеродром. Формуларот може да се добие во Архивата на Општината или да се симне од веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк: http://www.aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

7.2.2020 г.

Општина Аеродром