ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ дел од проект за екологија на Еразмус +

 Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ од Општина Аеродром беше дел од проектот на Еразмус+ посветен на екологијата што се одржа во Рига, Латвија, во периодот од 19 до 25 јануари.

На првата средба во училиштето партнер во Рига присуствуваа координаторот на проектот, наставничката Ана Петровска, наставничките Марија Тодоровска и Теодора Ингилизовска, како и директорот на училиштето Марјан Јовановски.

Учесниците учествуваа во работилница за реклицирање хартија, разменуваа идеи и предлог-мерки за спречување на уништувањето на животната средина, а разменуваа и искуства од образовниот систем и начинот на работа во своите земји.  

6.2.2020

Општина Аеродром