Формиран женски кошаркарски клуб МЗТ Скопје ‒ Аеродром

Општина Аеродром и македонскиот спорт, покрај машкиот тим и младинскиот клуб, добија нов член во фамилијата на МЗТ, а тоа е женскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје – Аеродром.

Директорот на МЗТ Скопје – Аеродром Тони Грнчаров на денешната прес-конференција на која беше промовиран женскиот клуб го истакна значењето на женскиот спорт во Аеродром.

„Може да понудиме одлични услови за тренирање, а воедно живееме во општина во која има многу девојчиња кои со правилна работа во иднина би можеле да прераснат и во репрезентативки“, изјави Грнчаров.

Женскиот клуб е формиран со одлука на Советот на Општина Аеродром во правец на афирмација на родовата рамноправност од што ќе имаат корист сите, а особено  спортот во општината.

„Благодарност до Општина Аеродром за разбирањето и одлуката да ни дадат поддршка за развој на кошарката и општо на спортот. Со ваква помош се добива сигурност и стабилност во клубот за развој на неговите цели“, рече поранешната кошаркарка и дологодишен работник во женскиот мак-баскет, Вела Красниќ, која е актуелен тренер на оваа екипа.

27.12.2019

Општина Аеродром