Наставничка од Аеродром добитник на награда „Најдобар наставник во поранешна Југославија“

Настаничката Марија Биковска од ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ е добитничка на наградата „Најдобар наставник во поранешна Југославија“.

Ова признание го доби на Третата балканска образовна акредитирана конференција „Светот на образованието ги брише границите“, организирана од Асоцијацијата на најдобри наставници што неодамна се одржа во Белград.

Станува збор за асоцијација на наставници формирана од висококвалитетни лидери од образованието подготвени со заеднички сили да ја менуваат сликата на образованието на овие простори со регионално вмрежување и подобрување на образованието во целина.

Општина Аеродром ѝ посакува натамошен успех во нејзината кариера и ѝ честита за освоената награда.

27.12.2019

Општина Аеродром