Градоначалникот Марин во посета на пензионерите

„На сите треба да ни е важно што се случува во светот на пензионерите“, порача денеска градоначалникот Златко Марин на денешната средба со пензионерите од Здружението  „Солидарност ‒ Аеродром“.

Ова е уште една од низата средби на кои се разговараше за обезбедување поддршка на оваа категорија граѓани, со цел да се подобрат нивните услови за живот.

„Од потпишувањето на Меморандумот за соработка со Општина Аеродром на почетокот на годинава, пензионерите од нашето здружение се вклучија во дел од комисиите и активностите на општината, особено со прашања од социјалната сфера“, изјави претседателот на Собранието на ова здружение, Никола Марковски, изразувајќи благодарност што локалната власт има слух за нивните проблеми и изрази убеденост дека во иднина идентификувањето и решавањето на прашањата ќе се одвива со заеднички пристап.

Обезбедувањето квалитетни услови за пензионерите останува врвен приоритет на Општина Аеродром и на градоначалникот Златко Марин.

 

24.12.2019 г.

Општина Аеродром