Аеродромци засадуваат 3 300садници

Општина Аеродром денеска ја почна големата акција за засадување дрвја околу ООУ „Ѓоргија Пулевски“. Во акцијата се вклучи и градоначалникот на Општината, Златко Марин, кој и самиот засади дрво. Покрај него, дрвја садеа и вработените во општинската администрација, спортисти, ученици и голем број граѓани, кои преку отворена анкета даваа свои предлози за локации за засадување. Беа засадени висококвалитетни листопадни садници, алпинетум и грмушки.

Зазеленувањето на Општината останува врвен приоритет со кој се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот“, изјави градоначалникот Марин. Тој додаде дека во наредниот период ќе се засадат околу 3 300 садници во неколку последователни акции, и тоа во Реонски центар, на улицата „Тоше Проески“, како и на други локации. Минатата година беа засадени околу 2 200 дрвја, со што изминатите две години се засадени вкупно 5 500 дрвја.

Исто така, во буџетот за наредната година предвидовме дополнителни 20 милиони денари за набавка на садници, така што и оваа бројка двојно ќе се зголеми.

Општина Аеродром им се заблагодарува на сите граѓани за својот придонес во зазеленувањето на Општината.

 

7.12.2019 година

Општина Аеродром