Ќе се формира совет за социјална заштита во Аеродром

Советот на Општина Аеродром на последната седница донесе одлука за формирање општински совет за социјална заштита со цел да се обезбедат квалитетни социјални услуги за граѓаните.

Овој совет ќе биде составен од претставници на општинската администрација, на полицијата, на Министерството за труд и социјална политика, на здруженија на граѓани, како и на основните училишта и градинките на подрачјето на Општината.

Советот ќе има задача да изготви социјален план за територијата на Општината, да ги мапира социјалните проблеми и ранливите групи во Општината, да изврши анализа на капацитетите и расположливите социјални услуги, како и специфичните потреби за развој на социјалните услуги во Општината.

28.11.2019 година

Општина Аеродром