Изнајдено е решение за продолжување на изградбата на училиштето „Димитар Македонски“ во населбата Лисиче.
Владата на РСМ на вчерашната седница даде согласност за преземање на обврските во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства во наредните 2020 и 2021 година на Министерството за образование и наука, да почне постапката за јавна набавка за склучување повеќегодишен договор за продолжување со изградба на ООУ „Димитар Македонски“, Општина Аеродром, Скопје, во вкупна вредност од 58.788.000,00 денари.
По надминување на проблемите, конечно учениците ќе добијат нова зграда.
20.11.2019 г.
Општина Аеродром
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.