Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска беше домаќин на претставници на училиштето „Езине Гази“ од градот Чанаккале од Турција. Станува збор за збратимено училиште на ООУ „Лазо Ангеловски“ од Аеродром.
На средбата присуствуваше и секретарот на Општината, Марица Ѓурческа, при што беа разменети искуства и знаења од двете земји, како и можноста за заедничка соработка во областа на модернизација на образовниот процес во двете училишта. На средбата исто така се разгледаа можноста за збратимување двете општини, Аеродром и Чанаккале.
Инаку, турската делегација престојува во Скопје од 17 ноември, а со училиштето „Лазо Ангеловски“ потпиша меморандум за соработка.
19.11.2019 година
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.