Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве почна градежни активности за разубавување на Реонски центар.
Имено, на локацијата каде што се наоѓа детското игралиште се гради нов парк. Паркот ќе има вграден систем за полевање, ќе биде хортикултурно уреден и со нова урбана опрема.
Исто така, постојното детско игралиште ќе биде целосно реновирано со нова подлога и реквизити.
Општина Аеродром во наредниот период ќе изгради нови паркови и на булевар „Јане Сандански“ меѓу зградите 72, 74, 76, на улицата „Методија Шаторов Шарло“ спроти ресторанот „Еквилибриум“ и на улицата „Новопроектирана 1“ во Стар Аеродром.
8.11.2019
Општина Аеродром
10-12-25
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска извршија увид во градежните активности за целосна реконструкција и уредување на првиот мултифункционален центар во Ново Лисиче.