Ново детско катче е поставено неодамна во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. Игралиштето се наоѓа во срцето на прекрасниот двор и се состои од повеќе реквизити за безгрижна игра на најмладите и во есенските денови. Општина Аеродром, исто така, деновиве врши реконструкција на оштетените детски игралишта на ниво на целата територија. Се поставува гумена подлога за поголема безбедност на најмладите и се обновуваат реквизитите.
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.