Учениците од ООУ „Александар Македонски“ учеа за здрава исхрана

Третооделенците од основното училиште „Александар Македонски“ денеска учеа за здравата исхрана, за нејзиното значење, како и за значењето на здравата животна средина.

Предавањето „Нашите дејства се наша иднина“ го одржа експертот по фитомедицина Драган Јованов по повод Светскиот ден на храната.

Учениците детално се запознаа со тоа што претставува здравата исхрана, за нејзиното значење, како и за загадувањето на животната средина. Јованов  исто така ја потенцира важноста на лековитите билки и чаеви и нивната корист од секојдневното консумирање.

Предавањето беше организирано од Здружението за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес - ЗЕОООП, кое досега има организирано низа предавања во основните училишта на територијата на Општина Аеродром.

Општина Аеродром силно ги поддржува ваквите еколошки активности во образовниот процес затоа што само на таков начин уште од најрана возраст се подигнува свеста кај најмладите.

1.11.2019

Општина Аеродром