Обновени кошевите на спортските игралишта во Аеродром

Општина Аеродром спроведува акција за обновување и поставување нови табли на кошевите на спортските игралишта низ целата нејзина територија.

            Деновиве повеќе спортски игралишта добија обновени стаклени табли на кошевите, и тоа во близина на детските градинки „Лале“ и „Чекорче“, во дворот на ООУ „Ѓоргија Пулевски“, како и игралиштето во близина на кулите Џевахир.

            Општина Аеродром и во наредниот период ќе ги продолжи ваквите активности на обнова и санација на реквизитите на спортските игралишта, со цел обезбедување подобри услови за спортување и јакнење на спортскиот дух.

15.10.2019 г.

Општина Аеродром