Комуналните служби на Општина Аеродром континуирано и тековно работат на расчистување на улиците од отпад, на кастрење на гранките на дрвјата и миење на улиците на повеќе локации низ Општината.
Деновите со есенско чистење беа опфатени улицата „Ѓорги Капчев“, сервисните улици во Стар Аеродром, Реонски центар и Мичурин. Оваа динамика ќе продолжи и понатаму, а на располагање е целата механизација за чистење.
Наша одговорност е да се грижиме за хигиената на сите површини на територијата на Општина Аеродром и да придонесеме за почиста животна средина.
8.10.2019 г.
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.