„Срничка“ и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ добија грантови од Еразмус+

Детската градинка „Срничка“ и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ добија грантови од програмата Еразмус+ што ќе се реализираат во периодот од 2019 до 2021 година.

„Срничка“ е носител на два проекта. Првиот проект Еразмус+ КА229 е насловен „Градиме иднина“ и ќе се реализира во соработка со партнери од Србија, Бугарија, Италија и Португалија.

Учесниците ќе бараат иновативни решенија, нови форми и методи на работа што развиваат позитивни исходи од учењето кај децата, како што се силно чувство за идентитет, самоуверени и вклучени деца и ефективни комуникатори.         

Вториот проект Еразмус+ КА101 е насловен „Најдобри практики на воспитувачи за инклузивна градинка“. Овој проект „Срничка“ ќе го реализира во соработка со партнери од Италија и Шпанија, а главната цел е да се обезбеди еднаков пристап и фер услови за рана поддршка на секое дете во неговиот развој.

Исто така, и ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ почетокот на учебната година го одбележа со одобрени три гранта од програмата Еразмус+ насловени „Жив свет за среќни генерации“, „Не трошете, заштедете, Земјата е ваша“, на кои координатор е одделенскиот наставник м-р Ана Петровска и „Учиме преку игра“ на кој координатор е одделенскиот наставник  Добрила И.Дуковска.

 30.9.2019

Општина Аеродром