Општина Аеродром ангажира 12 лица за општинско-корисна работа

Општина Аеродром од овој месец ангажира 12 лица, од кои деветмина како образовни и лични асистенти за потребите во основните училишта и тројца помагатели на 30-ина стари лица.

Асистентите и помагателите се ангажирани преку програмата за општинско-корисна работа во рамките на проектот „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации“ во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување.

Овие лица имаат ангажман од 20 часа неделно за период од 6 до 9 месеци и за тоа ќе добиваат паричен надоместок во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување предизвикано од повреда на работа и професионална болест.

Целта на проектот е асистентите преку помагање и грижа за ученици и стари лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучуваат во пазарот на труд. 

12.9.2019 година

Општина Аеродром

 

 

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео