Еднократна парична помош за првачињата

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари.

Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството. На овој начин ги враќаме парите назад кај граѓаните, овозможуваме пријатен почеток на првата учебна година и подобри услови во образовниот процес за секое дете. Родителите на сите првачиња запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош од 1.6.2019 до 16.9.2019 година.

Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2019/2020 година на подрачјето на Општина Аеродромможе да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот

http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.

Во прилог на барањето потребно е да се достават следните документи, коитреба да се оригинал, на увид, а не копија:

  1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2019/2020 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром
  2. Оригинал извод од матичната книга на родените (за првачето) на увид
  3. Важечка лична карта од еден родител/старател, за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром на увид
  4. Tрансакциска сметка од примателот на паричната помош (на еден од родителите/старателите) на увид

Барањата можат да се поднесат во Општина Аеродром секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во канцеларија број 19, а исплатата на паричните средства е предвидена околу почетокот на учебната година.

 

 

30.5.2019

Општина Аеродром