Во вторник 25-та седница на Советот на Општина Аеродром

 Во вторник, 21.5.2019 година, со почеток во 16:30 часот, во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 25-тата седница на Советот на Општината.

                       На дневен ред на седницата се следниве точки: 

 

  1. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2019/2020 година на подрачјето на Општина Аеродром.
  2. Предлог-одлука за давање согласност за измена и дополна на Годишниот план за вработување на ООУ „Лазо Ангеловски“, Општина Аеродром.
  3. Предлог-одлука за именување член на Училиштен одбор во ООУ „Гоце Делчев“.
  4. Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за опремнина за пензионирање, смрт на член на потесно семејство на вработено лице во ОА/општински буџетски корисник и смрт на вработено лице во општински буџетски корисник.
  5. Предлог-одлука за доделување спонзорство на КУД „Гоце Марковски“ – Долно Лисиче за реализација на меѓународниот детски фестивал „Св.Троица“ 2019, Долно Лисиче.
  6. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Кошаркарскиот клуб МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ АД Скопје.
  7. Предлог-одлука за спонзорство на манифестацијата Илинденски марш“.
  8. Предлог-одлука за доделување спонзорство на Национална установа Театар Комедија - Скопје за реализација на проектот Меѓународен летен фестивал на комедијата „Гола месечина“ 2019 година.
  9. Предлог-одлука за доделување спонзорство на КУД „Никола Јонков Вапцаров“ за меѓународниот фестивал Цветови“ 2019 година.
  10. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на детските градинки и на основни училиштa на територијата на Општина Аеродром.
  11. Предлог-одлука за давање согласност на Статут на приватна установа за деца –детска градинка „Светот на колорес“.
  12. Предлог-заклучок за усвојување квартален извештај за извршување на буџетот на ОА за првиот квартал од 2019 година.
  13. Советнички прашања.

 

                                                                                                                          

 

 17.5.2019 г.

 Општина Аеродром