В четврток 23-та седница на Советот

 В четврток, 14.3.2019 година, со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 23-тата седница на Советот на Општината.

На дневен ред на седницата се следниве точки:

  1. Предлог-заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на ПС од ОН Аеродром за 2018 година.
  2. Завршна сметка на буџетот на Општина Аеродром за 2018 година.
  3. Предлог-заклучок за усвојување на Годишниот извештај на Општина Аеродром за 2018 година.
  4. Предлог-одлука за измена на Статутот на Општина Аеродром.
  5. Предлог-одлука за утврдување денарски благајнички максимум на Општина Аеродром.
  6. Предлог-одлука за утврдување девизен благајнички максимум на Општина Аеродром.
  7. Предлог-одлука за давање согласност за долгорочно задолжување на Општина Аеродром за реализација на проектот „Доградба на детската градинка Црвенкапа Скопје“, преку вториот проект МСИП 02/2018 - компонента А-општински инвестиции.
  8. Предлог-одлука за исплата на парична помош врз основа на пристигнати барања за опремнина за пензионирање на вработени лица во општински буџетски корисник.
  9. Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој може да се изврши вклопување во урбанистичко-планска документација (објект број 1 и 2 на КП 2902).
  10. Предлог-одлука за утврдување вредност на бодот за пресметување на платите на јавните службеници за 2019 година во јавните детски градинки и општинските основни училишта од територијата на Општина Аеродром.
  11. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата Ј - Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2018 година.
  12. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Потпрограмата ФА-Уредување на градежно земјиште на подрачје на ОА за 2018 година.
  13. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата Р - Заштита на животната средина и природа на подрачјето на ОА за 2018 година.
  14. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата за одржување локални улици и патишта на територија на Општина Аеродром во  зимски услови за 2018 година.
  15. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата за јавни работи на територија на ОА за 2018 година.
  16. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2018 година.
  17. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2018 година.
  18. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на социјалната и детската заштита во Општина Аеродром за 2018 година.
  19. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2018 година.
  20. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2018 година.
  21. Советнички прашања.

           

            11.3.2019

            Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео