Поставена заштитна ограда покрај ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

Поставена е заштитна ограда покрај основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, на тротоарот од улица „Васко Карангелевски“.

Оградата има цел да ги заштити учениците од директно изложување на улицата, а исто така и да спречи несовесно паркирање возила на тротоарот, со што дополнително се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Општина Аеродром во изминатиот период постави вертикална и хоризонтална сигнализација пред основните училишта „Александар Македонски“, „Блаже Конески“ и „Браќа Миладиновци“ со цел поголема заштита на децата во сообраќајот.

Општина Аеродром

                22.2.2019 година