В среда 19-та седница на Советот

На 26.12.2018 година (среда) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи 19-тата седница на Советот на Општината.

На дневниот ред на седницата се следниве точки:

  1. Предлог-буџет на Општина Аеродром за 2019 година со амандмани.
  2. Предлог-одлука за извршување на буџетот на Општина Аеродром за 2019 година.
  3. Предлог-буџетски календар на Општина Аеродром за подготовка на буџетот на Општината за 2020 година.
  4. Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за основните училишта на територија на Општина Аеродром.
  5. Предлог-одлука за распределба на блок-дотација наменета за детските градинки на територијата на Општина Аеродром.
  6. Предлог-одлука за утврдување вредност на бодот за платите на административните службеници за 2019 година.
  7. Предлог-програма за работа на Одделението за инспекциски работи на ОА за 2019 година.
  8. Предлог-програма за активности од областа на еднаквите можности на жените и мажите во Општина Аеродром за 2019  година.
  9. Предлог-програма за поддршка на спортот во Општина Аеродром за 2019 година.
  10. Предлог-програма за планирани активности од областа на образованието во ОА за 2019 година.  
  11. Предлог-програма за остварување социјална и детска заштита и заштита и спасување во ОА за 2019 година.
  12. Предлог-програма за поддршка на културата во Општина Аеродром за 2019 година.
  13. Предлог-програма Р – Заштита на животната средина и природа на подрачјето на ОА за 2019 година.
  14. Предлог-програма Ј - Комунални дејности на подрачјето на ОА за 2019 година.
  15. Предлог-програма Ф (ФА, Ф1, Ф2, ФД) – Урбанистичко планирање и уредување на подрачјето на ОА за 2019 година.
  16. Предлог-програма Г - Локален економски развој на подрачјето на Општина Аеродром за 2019 година.
  17. Предлог-програма за зимско одржување на подрачјето на Општина Аеродром за 2019 година.
  18. Предлог-програма за јавни работи на Општина Аеродром за 2019 година.
  19. Предлог-програма за остварување соработка со здруженија и фонадации за 2019 година.
  20. Предлог-програма за доделување спонзорства и донации во Општина Аеродром за 2019 година.
  21. Предлог-одлука за давање согласност за потпишување на преземање движни ствари на Министерството за животна средина.
  22. Предлог-одлука за формирање комисија за изработка на програма за работа на Советот на Општина Аеродром за 2019 година.
  23. Предлог-одлука за задолжување на раководителот на Одделението за комунални работи на ОА за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани сезонски работници во ОА за период на 2019 година.
  24. Предлог-одлука за задолжување на раководителот на Секторот за комунални работи, урбанизам и заштита на животната средина за преземање активности со цел регулирање на договорни обврски кон ангажирани лица во ОА.
  25. Предлог-одлука за давање согласност за  регулирање на договорни обврски кон ангажирани лица во ОА.
  26. Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на ОА во 2019 година.
  27. Предлог-заклучок за усвојување програма за изведување екскурзии на ООУ „Љубен Лапе“  за учебната 2018/2019 година.
  28. Предлог-одлука за давање одобрение за користење на името Аеродром од страна на Боксерскиот клуб „Аеродром“.

           

            21.12.2018

            Општина Аеродром