Инспекциската служба на Општина Аеродром работи до 22 часот

Инспекциската служба на Општина Аеродром од 1 ноември го продолжи работното време до 22:00 часот секој работен ден.

Инспекторите работат во две смени и вршат секојдневни контроли на целата територија на општината од областа на животната средина, загадувањето на воздухот, несовесно фрлање шут и отпад и други нерегуларности.

Службите се дежурни и во викендите, а граѓаните своите забелешки можат да ги пријават на дежурниот телефонски број 075/316-515.

Инаку, во текот на ноември инспекторите изрекле 19 парични казни во висина од 50 евра во денарска противвредност за фрлање ѓубре на јавна површина, како и за изложување земјоделски производи на јавна површина. Исто така, имаше и три интервенции за палење оган на јавна површина, од кои една во Долно Лисиче и две на улицата „Граврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче. За палење оган се изречени и повеќе од 15 опомени.

Инспекциските служби во текот на ноември извршија и мерење бучава на две локации, од кои на едно место е изречена и парична казна за надминување на дозволената граница на бучава.

Овој месец се исконтролирани сите градилишта на територијата на Општината и им се изречени опомени да не ги напуштаат градилиштата со валкани тркала.

            28.11.2018

            Општина Аеродром


 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео