Екипата од ООУ „Александар Македонски“ е победник на квиз-натпреварот за противпожарна заштита на кој учествуваа екипи од сите осум училишта од Општина Аеродром.
Победничката екипа ќе учествува на регионалниот квиз во организација на Противпожарниот сојуз на Град Скопје, што ќе се одржи на 14 ноември.
Квиз-натпреварот што се одржа по 34-ти пат е во организација на Општинскиот противпожарен сојуз - Аеродром. Исто така, годинава во рамките на овој натпревар беше организиран и конкурс за ликовни и литературни творби.
6.11.2018
Општина Аеродром
20-11-25
Општина Аеродром ја продолжува исплатата на финансиските средства по поднесените барања за еднократна парична помош за првачиња и новороденчиња, потврдувајќи ја својата посветеност кон семејствата и најмладите жители на општината.