Утре, 18.6.2015 година (четврток) со почеток од 14:00 часот, во просториите на ООУ „Блаже Конески“ ќе се одржи презентација на активните мерки и програми, коишто се достапни преку Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Презентацијата е наменета за информирање на невработените лица, но и за фирмите кои сакаат да вработат лица од ранливите категории.
Ги покануваме граѓаните, кои сакаат да присуствуваат на настанот, да се пријават на е-маил адресата: marjan.kelemen@aerodrom.gov.mk или на телефонскиот број 2401-542.
17.6.2015
Општина Аеродром
12-01-21
Јавниот повик за избор на асистенти за деца со посебни потреби што го распиша Општина Аеродром истекува в петок, 15 јануари.