Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ објавува повик за учество на тридневна работилница за подготовка на проектна апликација за европската програма за финансирање мали и средни претпријатија МСП Инструмент (SME Instrument).
Работилницата ќе се одржи на 21, 22 и 23 ноември во Охрид во рамките на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средните претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија.
Работилницата е наменета за иновативни мали и средни претпријатија што поседуваат амбиции и голем потенцијал за раст и ширење на странски пазари. Сите заинтересирани треба да ја пополнат следнава форма на регистрација https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSc9o4HC3LFkVnQfyUeS23HyPxA-_LRF4bU-y01uINXpOTBA-g/viewform најдоцна до 5 ноември. Бројот на учесници е ограничен на 15 лица, а на обуката може да учествува само еден претставник од компанија.
Во рамките на тридневната работилница фокусот ќе биде ставен на Фаза 1 од програмата „Процена на изводливост“. Финансиските средства што се доделуваат во Фаза 1 (мак. 50.000 €) можат да се искористат за истражување и процена на техничката изводливост и комерцијалниот потенцијал на иновацијата што компанијата има намера да ја комерцијализира.
25.10.2018
Општина Аеродром
30-04-25
Општина Аеродром во наредниот период започнува со целосна реконструкција на водоводната мрежа на улица 2 во Долно Лисиче, а исто така се започнува и реализација на проектот за проширување на мостот на Маркова Река што ги поврзува Долно и Горно Лисиче.