Вонредна седница на Советот на Општина Аеродром

 Денеска, 12.10.2018 година (петок) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи вонредна седница на Советот на Општината.

На вонредната седница ќе се дискутира за спорниот ДУП И10 донесен од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и за трајно решение за спречување на градбата пред Мајчин дом.

За присуство на седницата се поканети и сите засегнати страни, граѓани и граѓански организации, кои треба да се регистрираат на линкот https://s.surveyplanet.com/xZzk6w0_j3.

 

            12.10.2018

          Општина Аеродром