„Ода на радоста“ испеана на четири јазици

 

Јазични вештини се неопходност и право на секого. Ова е пораката што вчера ја испратија учениците од ООУ „Љубен Лапе“ на манифистацијата по повод Европскиот ден на јазиците.

На приредбата беше изведена „Ода на радоста“ на четири јазици – македонски, германски, англиски и француски, а исто така имаше и солисти што пееја на различни јазици, се читаше и словото на Св. Кирил и македонската песна „Кирилица“.

Учениците изведоа и една сцена од македонската драма „Бегалка“ од Васил Иљоски, и тоа на четири јазици.

Одбележувањето на Денот на јазиците има цел да ја подигне свеста за потребата на учениците да развијат одреден степен на познавање барем на два или повеќе јазици за да можат да ја одиграат својата целосна улога во демократското општество.

 


 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео