„Комбинирај и движи се!“ порачаа „бубамарите“ и „срничките“

 

                Општина Аеродром оваа година ја одбележа Европската недела на мобилност заедно со децата од градинките „Буба Мара“ и „Срничка“.

            Настанот беше посветен на зголемување на јавната свест за заштита на животната средина, придонесот и одговорноста на секој од нас при изборот на превозно средство.

            Под мотото „Комбинирај и движи се!“ децата од клоновите „Сонце“ и „Лале“ возеа велосипеди и тротинети, цртаа и учествуваа во разни едукативни активности. Настанот се одржа утрово во паркот „Јане Сандански“.

           

            20.9.2018

            Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео