Паралелката на ПОУ „Д-р Златан Сремец“ од оваа година во ООУ „Александар Македонски“

Интегрираната паралелка од посебното основно училиште  „Д-р Златан Сремец“ доби нови простории. Оваа учебна година паралелката ќе функционира во рамките на основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар ‒ Аеродром. Просторијата ќе се користи без надомест, а е обезбеден и бесплатeн оброк за учениците.

            Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ има девет интегрирани паралелки што го реализираат воспитно-образовниот процес во рамките на општинските училишта на територија на градот.

            Општина Аеродром ја поддржа иницијативата за подобрување на условите за реализирање на воспитно-образовниот процес за учениците од ова училиште, кои се жители на Општина Аеродром.

 

            14.9.2018

            Општина Аеродром