Секој вторник ќе се собира селектираната пластика од домовите во Лисиче

Од вчера почна да се собира селектираната пластика од околу 300 семејства во населбата Лисиче што се вклучија во проектот „Ја собираме пластиката од дома“.

Неформални собирачи ќе ја подигнуваат пластиката директно од домовите на жителите од оваа населба, кои во август преку потпишување договор се согласија да селектираат тврда пластика и ПЕТ-амбалажа.

Оваа акција има двојна цел – од една страна да се подобри управувањето со отпад во Општина Аеродром и на тој начин да се заштити животната средина, а од друга страна, да се развијат здрави навики кај жителите и во исто време да се овозможи економска инклузија на онаа ранлива категорија граѓани што неорганизирано собираат пластика.

Проектот го имплементира еколошкото здружение „Гоу грин“ и ромскиот „Бизнис информативен центар“ со активна поддршка на Општина Аеродром и финансиска помош од Градот Скопје.

 

 

5.9.2018

Општина Аеродром


 

 

 

 

 

 

 

 

 

Актуелно

img
img img

Видео