Акција за селектирање пластика во Лисиче

Општина Аеродром од денеска почнува акција за собирање на пластиката од домовите во населбата Лисиче, во соработка со здружението „Гоу Грин“ и „Ромски Бизнис информативен центар“, а со поддршка на Град Скопје.

Акцијата вклучува 400 домаќинства во населбата Лисиче, на кои ќе им бидат доделени 2 кеси за да ја селектираат својата пластика. Кесите ќе бидат доделени од страна на претставници на здруженијата, кои ќе ги запознаат „домаќините“ со идејата на проектот и ќе им се понуди соработка. Една кеса ќе се користи за тврда пластика (амбалажен отпад од јогурт, шампон, детергент, лименки), а другата кеса за ПЕТ амбалажа (пластични шишиња за вода, сок, пиво, зејтин и оцет, односно сите оние амбалажи кои имаат знак „триаголник за рециклирање“).

Ќесите ќе се подигнуваат во одреден ден во неделата од страна на неформалните собирачи на отпад. Неформалните собирачи на отпад ќе имаат видлива идентификација.  

Целта на оваа акција е да се тестира систем за услуга за собирање отпад „од врата на врата“ и да се организира собирањето на отпад на формален начин за интеграција на неформалните собирачи на отпад.

Резултати кои се очекуваат со реализацијата на оваа акција се намален отпад на депонии, намалено аерозагадување, заштита на животната средина и социјална и економска инклузија (вклучување) на неформалните собирачи на отпад.

Подетални информации околу акцијата граѓаните можат да го контактираат:

Рамуш Муарем (Цирко) на телефонскиoт број: 078/715192

Бојан Трајановски на телефонскиот број: 078/307716

 

6.8.2018

Општина Аеродром

 

Актуелно

img
img img

Видео