Акции за кастрирање и стерилизирање бездомни кучиња

Вчера во Општина Аеродром се организираше акција за третирање на бездомните кучиња, во соработка со жители од Општина Аеродром, љубители на животни кои доброволно излегоа на терен заедно со службите на стационарот „Вардариште“.

Акцијата се одвиваше кај поштата во Ново Лисиче и опфати хумано заловување на бездомните кучиња кои немаат маркици и никогаш не биле стерилизирани и кастрирани, а продолжува и на локации каде што се пријавени глутници на кучиња.

При акцијата кучињата беа грижливо и внимателно сместени во кафези и однесени на кастрација/стерилизација, во присуство на ветеринар.

Целта на спроведената акција е да се зголеми безбедноста на сите жители на Општина Аеродром. Во меѓувреме Општина Аеродром работи на трајно решение, односно изградба на сопствено прифатилиште, што значително ќе ја олесни ситуацијата во иднина.

 

25.7.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео