Да ги бодриме маратонците во Аеродром!

Почитувани аеродромци,

Ве покануваме да бидете дел од публиката на Wizz Air Скопскиот Маратон што ќе се одржи на 6 мај (недела) и да им дадеме „ветер в грб“ на маратонците кои ќе поминат низ нашата Општина.

Трката ќе стартува во 8:30 часот од Плоштад Македонија, каде што е и целта.

Патеката на Wizz Air Скопскиот Маратон е сертифицирана и поминува низ Карпош, Центар и Аеродром. На денот на настанот се одржуваат четири трки: маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри.

Се очекува полумаратонците да поминат низ Аеродром околу 09:30 часот, а маратонците два часа подоцна.

 

Актуелно

img
img img

Видео