Формиран локален совет за поголема безбедност во Аеродром

Советот на Општина Аеродром на вчерашната седница донесе одлука за формирање Локален совет за превенција, што ќе има за цел значително да ја подобри јавната безбедност и безбедноста во сообраќајот на територијата на општината.

Советот ќе помогне во справување со проблемите поврзани со зависноста од дрога, насилството во училиштата, кражбите, алкохолизмот, прашања поврзани со малолетниците. Локалниот совет за превенција ќе се занимава и со други безбедносни теми во интерес на граѓаните и на општината.

Ова тело, кое ќе го предводат градоначалникот на општината, Златко Марин и командирот на полициската станица во Аеродром, Јовица Божиновиќ, претставува еден вид сервис на граѓаните. Ваквата соработка ќе ја зголеми довербата меѓу владините институции, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните, и ќе ја подобри нивната меѓусебна комуникација.

Советот за превенција ќе ги собира поплаките и барањата од граѓаните, ќе ги споделува овие информации со сите членови, а по направените анализи и проценки ќе почне соодветно заедничко дејствување. Исто така, ќе прави и проценка на имплементацијата по самото дејствување на терен.

 

1.3.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео