Општина Аеродром денеска беше домаќин на 19 учесници од 5 држави во рамки на реализација и спроведување на активности на проектот Еразмус+ под наслов „Да ја обоиме иднината“.
Организатор на петтиот состанок во рамки Еразмус+ КА219 проектот е основното училиште „Лазо Ангеловски“, од каде на гостите-партнери од Турција, Романија, Италија, Австрија и Бугарија им ги претставија досегашните реализирани активности.
Целта на овој проект е да се создадат нови подобрени методи во учењето на уметноста и да се идентификуваат иновативни пристапи, за негова полесна примена во секојдневниот живот.
Проектот се реализира во периодот од септември 2016 година до август 2018 година, а училиште-координатор е ODTÜ Geliştirme Vakfı Özel İlkokulu од Анкара, Турција.
Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи да поттикнува и да поддржува слични проекти, кои ќе помогнат за подобрување на образовниот процес и ќе го зголемат самото учество на наставниците и учениците во неговото креирање.
28.2.2018
28-09-23
На простор од 1000 квадратни метри, жителите на Долно Лисиче во Општина Аеродром добиваат нови и современи содржини за спорт и рекреација, проект со кој продолжува рамномерниот развој и реализацијата на проекти во сите населени места во Аеродром.