Се отвора канцеларија на УЈП во Општина Аеродром

Управата за јавни приходи (УЈП) во периодот од 26 февруари до 15 март, ќе врши прием на годишните даночни пријави за 2017 година во просториите на Општина Аеродром.

УЈП обезбеди просторија во Општината и свој кадар што ќе го врши приемот на ПДД - ГДП пријавите, обрасци достапни на граѓаните и доставувач кој ќе ги презема примените пријави, со цел доближување на услугите до граѓаните.

Канцеларијата на УЈП во Општина Аеродром ќе биде отворена во две смени од 08:00 до 18:00 часот.

 

24.2.2018

Општина Аеродром