Еднаков пристап до финансирање за граѓанските организации

Во просториите на Општина Аеродром се одржа првата од трите работилници за изработка на методологија за поддршка на НВО секторот и граѓанските организации. Конкретно, се креираат структурирани и транспарентни процедури, кои ќе овозможат еднаков пристап до финансирање на граѓанските организации од Буџетoт на Општина Аеродром.

Целта на овој проект е да се утврди методологија со едноставен процес на аплицирање и јасно дефинирани критериуми за оценување и доделување средства. Истовремено, на работилниците се дискутира за градење капацитети на самите граѓански организации, со што се развива компетитивност на идеите и спроведување на активности кои се важни за целата заедница.

Работилниците се дел од проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени“ поддржан од ЕУ (IPA Civil Society Facility and Media Programme 2015) спроведуван од Центар за одржлив развој - Алка Скопје. Учесници се претставници од Советот на Општина Аеродром, општинската администрација и граѓанските здруженија.

Ги покануваме сите претставници на невладините организации и граѓанските организации да земат активно учество и на следната работилница од овој тип, која ќе се одржи во четврток (22.02) во Општина Аеродром.

 

19.2.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео