Нови вело-ленти и сообраќајни решенија – подобри услови за возење велосипед во Аеродром

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин вчера, 1.2.2018 година, оствари средба со претставници од неформалното здружение НаТочак.

На средбата е договорена континуирана соработка, во насока на изнаоѓање велосипедски инфраструктурни решенија со поставување вело-ленти и вело-патеки на улиците што се во надлежност на Општината. Исто така, нови сообраќајни решенија за намалување на брзината на движење на автомобилите, како и одредување локации каде има потреба од поставување паркинг за велосипеди низ целата територија на општината.

Ќе се организираат и кампањи за поттикнување на граѓаните да го користат велосипедот како превозно средство, во чии рамки ќе се потенцираат придобивките од возење велосипед.

На средбата беше договорено и вклучување на градоначалникот и на вработените во акцијата за одбележување на интернационалниот ден Winter Bike to Work Day, на 9 февруари.

 

2.2.2018

Општина Аеродром

Актуелно

img
img img

Видео