Општина Аеродром издвојува 8 милиони денари за нови дрвја

Општина Аеродром, во соработка со Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ изготвува план за дополнување на постоечки дрвореди и садење нови дрвја, односно обновување на блоковското зеленило на целата територија на Општината.

Видот на дрвјата што ќе се посадуваат го утврдуваат стручните лица од Општината, Градот и Јавното претпријатие според потребите на секој регион и условите кои ги нуди скопското подрачје. Дрвјата ќе се садат во пролетниот и есенскиот период, во зависност од видот на садници.

Изготвениот нацрт-план отсега ќе се адаптира годишно и ќе нуди насоки за редовно дополнување на зеленилото на целата територија на Општина Аеродром, за што локалната самоуправа секоја година ќе издвојува средства од сопствениот Буџет. Оваа година имаме издвоено 8 милиони денари за набавка на нови садници и дополнителни средства за изградба на нови паркови и одржување на зелените површини.

 

24.1.2018

Општина Аеродром