МАРТИН ОД ООУ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ СО НАЈДОБАР ГРАФИТ

Мартин Петровски од 5-3 од основното училиште „Љубен Лапе“ е победник со најмногу лајкови во кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“ против употреба на пиротехнички средства, кој изработи творба во форма на графит и пораки.

За таа цел Мартин ќе добие Признание за најдобар графит во кампањата, а тој и неговите соученици заедно со еден родител ќе добијат по еден бесплатен билет за претстојниот натпревар на МЗТ во АБА лигата.

Инаку, изминатите десет дена на општинската Фејсбук страница беа објавени 63 изработки со надеж дека оваа кампања ќе придонесе за намалување на употребата на пиротехнички средства во нашата Општина во пресрет на новогодишните празници и со тоа ќе се избегнат несаканите последици и ќе се зголеми безбедноста.

 

21.12.2017

Општина Аеродром